• петок, 05 декември 2025

Заменик амбасадорот  на ЕУ во работна посета на Општина Велес

Заменик амбасадорот  на ЕУ во работна посета на Општина Велес

Велес, 19 ноември 2025 (МИА) - Во посета на Општина Велес вчера беше заменик амбасадорот на ЕУ Бен Нупнау. Тој оствари средба со градоначалникот Марко Колев на која се разговарало за пакетот за проширување од страна на Европската комисија, како и за Извештајот за напредокот на земјава за 2025 година, информираат денеска од Општина Велес.

Појаснуваат дека тема на разговор биле и реалните состојби и очекувањата, како и за можностите за понатамошна соработка.

Додаваат дека за Општина Велес меѓународната соработка и размената на искуства се од големо значење во насока на развој на заедницата.ад/вј/

Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан